Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, објави дека започнува операцијата „Јужно копје“, за која нагласи дека е насочена против „наркотеpористите“ и има цел да ја заштити Соединетите Американски Држави од дрога што, како што рече, „го убива народот“.
„Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде наредба и Министерството за одбрана ја спроведува. Денес ја најавувам операцијата ‘Јужно копје’“, напиша Хегсет на социјалната мрежа Икс.
Според порталот „Аксиос“, сè уште не е јасно дали Хегсет мислел на актуелните американски активности во близина на Венецуела и пошироко во регионот, или станува збор за нова, проширена мисија.
Како што пренесува „Си-Би-Ес њуз“, операцијата се однесува на нови акции против бродови што пренесуваат наркотични материи. Медиумот потсетува дека, поради зголемените тензии меѓу САД и Венецуела, високи американски воени претставници веќе му презентирале на претседателот Трамп можни опции за операции во оваа јужноамериканска држава.























