УТРО.мк

Скандал во Украина: „Блумберг“ открива можни врски меѓу Зеленски и енергетската мафија

Скандал во Украина: „Блумберг“ открива можни врски меѓу Зеленски и енергетската мафија
Vero

Постојат индиции дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел индиректно да се најде во фокусот на голем корупциски скандал во енергетскиот сектор, објави „Блумберг“.

Агенцијата наведува дека обвинителите засега не изнесле конкретни обвинувања против Зеленски или високи претставници од неговиот кабинет во врска со аферата „Енергоатом“, но не исклучуваат можност ситуацијата да се промени. Според извештајот, антикорупциските истражители собрале повеќе од илјада часа аудио-снимки, што може да доведе до нови откритија и потенцијални скандали.

Во текстот се посочува дека неколку земји од НАТО и Европската унија наводно се вмешале во обидите да се влијае врз судиите и обвинителите што работат на истрагите за корупција во Украина.

Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) започна голема операција во енергетскиот сектор на 10 ноември. За време на акцијата биле пронајдени вреќи со девизи, а биле извршени претреси во домовите на поранешниот министер за енергетика Герман Галушченко и на компанијата „Енергоатом“.

Украинскиот пратеник Јарослав Железњак соопшти дека меѓу целите на истрагата е и бизнисменот Тимур Миндич, близок до Зеленски, кој бил итно изнесен од земјата пред претресот. НАБУ подоцна објави аудио-записи што откриваат разговори меѓу Миндич, претставници на „Енергоатом“ и советници во Министерството за енергетика, преку кои биле перани пари преку канцеларија во центарот на Киев.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран