УТРО.мк

Пукање на железничката станица во Париз

Пукање на железничката станица во Париз
Vero

Во Париз денеска на железничката станица Монпарнас полицијата отвори оган врз маж кој мавтал со нож и се заканувал на животот на својата поранешна сопруга. Настанот предизвика хаос меѓу патниците, кои во паника почнаа да бегаат низ станицата.

Според обвинителството, мажот бил претходно регистриран за семејно насилство. Кога полицијата се обидела да го уапси, тој одбил да се предаде, продолжил да мавта со ножот и се самоповредил.

– Полицаец употреби огнено оружје за да го запре, а потоа мажот се повредил и сам со ножот, велат од париското обвинителство.

Во метежот бил повреден и случаен минувач, кој добил полесни повреди и бил згрижен од медицински екипи.

Очевидци раскажуваат дека сцената била „шокантна и многу стресна“. Еден сведок изјави дека додека бил на терасата во централниот хол, се слушнал многу гласен звук и сите почнале да трчаат.

Полицијата го обезбедила местото, а истрагата за случајот продолжува.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран