УТРО.мк

Претседателот на украинскиот парламент откри кога ќе се одржат избори во Украина

Претседателот на украинскиот парламент откри кога ќе се одржат избори во Украина
Vero

Претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, изјави дека одржувањето избори во Украина ќе биде возможно дури по завршувањето на војната.

„Врховната Рада работи на теми врз основа на кои би можел да се формулира предлог-закон за избори, но тие може да се одржат само кога ќе престанат воените дејствија“, рече тој на прес-конференција, пренесува „Суспилне“.

Тој додаде дека моментално се разгледуваат клучни прашања поврзани со организацијата на изборниот процес, како што се учеството на припадниците на вооружените сили, гласањето на Украинците во странство, обезбедувањето мониторинг и финансирањето на изборите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран