Во Геолошкиот факултет при Универзитетот во Варшава денеска избувна пожар, поради што беше наредена итна евакуација. Инцидентот се случил откако се запали електрична разводна табла.
Околу 200 лица беа евакуирани откако технички работник пријавил чад, соопшти Општинскиот штаб на Државната противпожарна служба, пренесе Радио Варшава. На местото на настанот интервенираа 24 пожарникари, а среќа во несреќата, нема повредени лица.























