Полска подготвена да се брани од Русија
Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, предупреди дека доколку Украина падне под контрола на Русија, Полска би можела да биде следната цел на Москва. „Попрво ќе јадеме трева отколку повторно да станеме руска колонија“, изјави тој, aлудирајќи на историското руско владеење над Полска.
Сикорски нагласи дека стравот од рускиот екстериор ја мотивира Полска да одделува големи средства за одбрана, дури и на штета на други области. Полска има третa најголема армија во НАТО по број на персонал и се обврза одбранбените трошоци да достигнат 4,8% од БДП веќе следната година.
Тој исто така ја поддржа идејата за заеднички одбранбени способности на ЕУ, за да не се зависи секогаш од САД, и изрази уверување дека Украина ќе стане членка на ЕУ почетокот на следната деценија, и покрај блокадата од Унгарија.























