Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја истакна важноста на одбраната на градот Покровск на источниот фронт, кој се соочува со интензивни напади, пренесува „Би-Би-Си“. Елитни специјални сили се распоредени во градот за да ги заштитат линиите за снабдување и да поддржат војниците што го држат овој стратешки важен регион на Донбас.
Според украинската армија, специјалните единици од разузнавањето и јуришните групи се користат како редовна пешадија, со цел да се зачува контролата врз градот, кој е клучен транспортен и логистички центар. Покровск е од стратешко значење бидејќи неговото заземање би го олеснило руското напредување кон остатокот од регионот.
Москва инсистира на целосно предавање на регионот Донбас, вклучувајќи и деловите што Украина ги контролира, додека Киев тврди дека освоeњето на Покровск би ја зајакнало позицијата на Русија во преговорите со Западот. Американскиот претседател Доналд Трамп веќе воведе санкции за двете најголеми руски нафтени компании и го откажа планираниот самит со Владимир Путин поради застојот во мировните преговори.
Зеленски истакна дека е отворен за предложениот прекин на огнот што би ја замрзнал војната долж сегашните линии на фронтот, но додаде: „Покровск е наш приоритет. Продолжуваме да го уништуваме окупаторот и тоа е најважно… Мора да бидат запрени таму каде што стигнале – и таму да бидат уништени“.































