Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ризикот од ширење на војната меѓу Украина и Русија е „секојдневна можност“ поради лидерите на западните држави, кои, според него, даваат простор за про-воени наративи.
Во интервју за јавното радио, Орбан повика Европа да се „сврати кон мир, а не кон војна“. Тој нагласи дека основното прашање е што е во интерес на Европа, а неговиот одговор е – мир. Орбан посочи дека Европа треба да вложи максимални напори за стабилност и да избегне конфликт кој би можел „да ја уништи европската економија“.
Тој критикуваше земји кои, според него, „мислат дека војната е подобра од мирот“ и кои ѝ обезбедуваат на Украина оружје, пари и технологија, додека разговараат за испраќање војници.
Орбан истакна дека западните земји досега потрошиле околу 185 милијарди евра и планираат дополнителни издавања, што според него може „да ја турне Европа во долгови и да остави долгорочни последици за децата и внуците“.
Поради тоа, унгарскиот премиер истакна дека се бори „да ги оддалечи Европејците од про-воениот пат“ и да го насочи фокусот кон мирот.

















![[ВИДЕО] Автомобил удрил во група луѓе во Белград – има загинати и повредени!](https://wsrv.nl/?url=https://eu-central-1.linodeobjects.com/cmsnebula/screenshot-2025-11-14-133322.png&w=256&q=75&we)





