Белгија повторно се соочува со инциденти со дронови над воени објекти. Според весникот „Беланг ван Лимбург“, вработен во воздухопловната база „Клајне-Брогел“ забележал дрон на небото, но не успеал да утврди дали леталото се наоѓа директно над базата или во нејзина близина.
Инцидентот веднаш бил пријавен во полицијата, но до пристигнувањето на службите, дронот веќе исчезнал. За настанот било известено и белгиското разузнавање.
Базата „Клајне-Брогел“ е особено чувствителна локација, бидејќи таму е сместено американско нуклеарно оружје, а од 2027 година таму треба да пристигнат и новите борбени авиони Ф-35 што Белгија ги нарача од САД.
По првиот инцидент, дронови биле забележани и над блиската касарна „Леополдсбург“, иако засега нема официјални информации за околностите на случајот.
Ова не е изолиран инцидент – во последните неколку недели беспилотни летала беа регистрирани и над воените бази „Марш-ан-Фамен“ и „Елзенборн“ во источниот дел на Белгија, што ги зголеми сомнежите дека станува збор за координирани извидувања на чувствителни воени цели.































