УТРО.мк

Лавров му порача на Трамп: Наместо во Венецуела, реагирајте во Белгија

Лавров му порача на Трамп: Наместо во Венецуела, реагирајте во Белгија
Vero

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва не спроведува нуклеарни тестови и дека тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп се засноваат на недоразбирање. Тој нагласи дека Русија побарала појаснување од Вашингтон, истакнувајќи дека тестирањата на системите Буревестник и Посејдон не ја прекршуваат забраната за нуклеарни проби, бидејќи не предизвикуваат детонации.

Лавров рече дека другите видови тестирања, како субкритични експерименти и проби на системи за испорака, не се забранети и оти Русија „работи на разјаснување на ова прашање“.

Во врска со обвинувањата за негов наводен судир со американскиот државен секретар Марко Рубио, Лавров нагласи дека станува збор за лажни информации.

Тој изрази загриженост поради изјавите на американски функционери кои сугерираат можност за користење нуклеарно оружје во регионални конфликти и го критикуваше германскиот канцелар Фридрих Мерц за обидите да ја претвори Германија повторно во водечка воена сила во Европа, предупредувајќи на „опасни историски паралели со нацизмот“.

За Венецуела рече дека Москва не добила барање за воена помош, иако договорот меѓу двете земји предвидува стратешка соработка. Според него, американските операции под изговор на борба против трговијата со дрога го кршат меѓународното право.

Со доза на иронија, Лавров му порача на Вашингтон дека наместо да интервенира во Венецуела или Нигерија, „подобро би било да реагира во Белгија“, од каде, како што рече, потекнуваат големи количини нелегални супстанции.

Во однос на односите со Кина, тој најави дека Москва ќе посвети посебно внимание на продолжувањето на договорот за пријателство и соработка, кој истекува во јули 2026 година.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран