УТРО.мк

Командант на НАТО предупредува: Можен е воен конфликт со Русија и Кина во 2027 година

Командант на НАТО предупредува: Можен е воен конфликт со Русија  и Кина во 2027 година
Vero

Можен е воен конфликт со Русија и Кина во 2027 година, предупредува командант на НАТО

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, генерал Алексис Гринкевич, изјави дека САД и Европската Унија имаат околу 1,5 година да се подготват за можен глобален конфликт со Русија и Кина.

Говорејќи на конференција за одбрана во Висбаден, Германија, каде се наоѓа командата за безбедносна поддршка на НАТО за Украина, Гринкевич предупреди дека Москва и Пекинг би можеле да дејствуваат координирано. Тој наведе дека кинескиот лидер Си Џинпинг веројатно би побарал поддршка од рускиот претседател Владимир Путин во случај на напад врз Тајван, што би значело можност за истовремени конфликти.

„Ќе ни биде потребно сѐ што можеме да набавиме – оружје, опрема, муниција – за да бидеме подготвени“, нагласи генерал Гринкевич, посочувајќи дека 2027 година би можела да биде критична.

Според германскиот весник „Билд“, во Берлин расте загриженоста дека Русија би можела наскоро да нападне некоја од помалите членки на НАТО, со оглед на тоа што сериозни одбранбени капацитети во рамки на Алијансата се очекуваат дури по 2029 година. Некои министри во владата на канцеларот Фридрих Мерц очекуваат руска провокација токму во 2027 година.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран