Кинеското Министерство за природни ресурси објави дека во покраината Лиаонинг е откриено едно од најголемите наоѓалишта на злато во модерната историја на земјата. Новото наоѓалиште, лоцирано во регионот Дадонгоу, содржи околу 2,586 милиони тони руда со просечна концентрација од 0,56 грама злато по тон, што резултира со проценети 1.444 тони чисто злато.
Според пазарните цени, вредноста на откриеното злато надминува 166 милијарди евра, во период кога глобалната цена на благородниот метал достигна рекордни нивоа – над 115.000 евра за килограм.
Истражувањата ги спровела државната Геолошка и рударска група Лиаонинг, која со ангажман на околу 1.000 техничари и работници успеала да го заврши проектот за само 15 месеци, што се смета за извонредно брзо за депозит од ваков обем.
Министерството го оцени наоѓалиштето како „исклучително големо“, но со релативно ниска концентрација на злато по тон руда. Првичната економска анализа веќе е завршена, а проценките укажуваат дека проектот е изводлив и има значителен економски потенцијал.























