УТРО.мк

Инцидент на саем во Диселдорф откако огномет заврши во публиката – има повредени

Инцидент на саем во Диселдорф откако огномет заврши во публиката – има повредени
Vero

Најмалку 19 лица се повредени во инцидент со огномет што се случи вчера вечерта на саемот во Диселдорф, Германија, јави Н1 телевизија.

Меѓу повредените има и едно дете, а четири лица се со сериозни повреди, соопшти утрово противпожарната служба во Диселдорф. На местото на настанот интервенираа речиси 80 пожарникари и спасувачи.

Според првичните информации, еден од огнометите експлодирал од непознати причини, најверојатно поради прениска висина, доцна синоќа. Полицијата ја истражува причината, но засега претпоставува дека се работи за несреќен случај.

Организаторите на саемот ја прекинаа свеченоста предвреме и изразија длабока жалење за слученото. Портпаролот најави дека ќе разгледа дали следната година ќе ја продолжат традицијата со огномет.

Саемот, посветен на заштитникот на градот Свети Аполинариус, започна на 11 јули и требаше да трае до утре.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран