ерманија депортираше 81 Авганистанец во нивната татковина — прв лет под новата влада на Мерц
Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во петокот од аеродромот во Лајпциг бил изведен првиот лет за депортација на државјани на Авганистан откако на власт дојде новата влада предводена од канцеларот Фридрих Мерц. Со авионот биле вратени 81 авганистански државјанин во нивната татковина.
Станува збор за прв организиран лет од овој вид под актуелната германска влада, која, според соопштението, има за цел да го зголеми бројот на депортации во Авганистан, и покрај тоа што Берлин официјално не ја признава владата на Талибанците.
„Утрото Германија депортираше 81 авганистански државјанин во нивната земја на потекло како дел од колективна репатријација“, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
„Се работи за авганистански мажи кои се законски обврзани да ја напуштат земјата и кои имаат криминално досие. Со ова, сојузната влада спроведува важна точка од коалициониот договор, кој предвидува и депортација на поединци во Авганистан — пред сè на оние со криминално минато или кои претставуваат безбедносен ризик“, се додава во соопштението.
Германските власти најавија дека ова е само почеток на нова политика на построга миграциона регулатива, особено кон оние што го прекршиле законот или се сметаат за потенцијално опасни.