Рускиот началник на Генералштабот, Валериј Герасимов, денеска изјави дека руските сили напредуваат речиси на сите правци во зоните на судир во Украина. Најинтензивни борби, според него, се водат кон Красноармејск, додека Западната армија продолжува офанзива кај Купјанск, а напредувањето на правецот кон Краснолиман се одвива успешно. Герасимов тврди дека градот Кировск ќе падне под контрола на Русија.
Руски војници, како што нагласи, влегле во селото Јампол и продолжуваат со борбени активности, додека противникот бил целосно истеран од шумските предели на Серебрјански.
„Јуришните единици на јужната група напредуваат во селото Северни. На правецот Александаро-Калиновски се водат борби кај Константиновка, а нашите единици влегле во Плещејевка. Продолжува уништувањето на непријателот блокиран јужно од акумулациското езеро Клебан-Бик“, изјави Герасимов.
Тој додаде дека групата Восток развива офанзива во Дњепропетровска и Запорошка област. На крајот на состанокот, Герасимов им додели награди на војниците кои, според неговите тврдења, се истакнале за време на борбените дејствија.