Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов денеска говореше на прес-конференцијата во пресрет на пријателскиот натпревар против Латвија, кој ќе се одигра утре на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
„Среќни сме што повторно сме заедно. За нас секој натпревар е важен и ќе дадеме сè од себе за да ги оствариме нашите цели. Македонија оди на победа на секој меч, така ќе биде и против Латвија. Потоа следува фокус на квалификацискиот натпревар со Велс, кој има своја тежина,“ изјави Чурлинов.
Натпреварот меѓу Македонија и Латвија ќе започне во 18:00 часот, а влезот за сите навивачи ќе биде бесплатен.























