УТРО.мк

Барселона го одложува враќањето на Камп Ноу – стадионот сè уште не е подготвен

Барселона го одложува враќањето на Камп Ноу – стадионот сè уште не е подготвен
Vero

Фудбалскиот клуб Барселона соопшти дека враќањето на реновираниот стадион „Камп Ноу“, првично планирано за 10 август, се одложува поради неисполнување на сите услови за добивање дозвола за користење.

„Поради обемот на работата, не беа исполнети сите регулаторни барања, и покрај желбата делумно да се отвори стадионот“, информира клубот, без да прецизира нов датум на враќање.

Барселона работи со градските власти на исполнување на условите и најави дека навремено ќе ја информира јавноста. Според шпанските медиуми, годинашниот трофеј „Гампер“ против Комо ќе се игра на стадионот „Јохан Кројф“.

Првиот официјален меч на „Камп Ноу“ се очекува во септември против Валенсија, додека првите три кола од Примера, Барселона ќе ги игра на гости. Во меѓувреме, домашните мечеви ги играше на Олимпискиот стадион „Монжуик“.

Реконструкцијата на стадионот вреди околу 1,5 милијарди евра. Капацитетот привремено ќе биде ограничен на 60.000 места, а целосното завршување се очекува летото 2026 година, кога стадионот ќе достигне 105.000 места.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран