Во текот на изминатата ноќ, на улицата „Бојмија“ во Скопје избувнал пожар во кој биле зафатени три патнички возила, информираше МВР.
Инцидентот бил пријавен во 02:51 часот во СВР Скопје. Опожарени се возило марка „Хјундаи“ со скопски регистарски таблички, сопственост на 40-годишниот Г.С. од Скопје, „Киа“ во сопственост на 36-годишниот М.П., исто така од Скопје, и „Фолксваген Пасат“ со хрватски ознаки, сопственост на 44-годишниот В.К., исто од Скопје.
Екипа од Бригадата за противпожарна заштита интервенирала и го изгаснала пожарот. Повредени лица нема.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.