УТРО.мк

СВР Скопје го расчисти убиството во Батинци, лишено од слобода едно лице, а по едно лице се трага

СВР Скопје го расчисти убиството во Батинци, лишено од слобода едно лице, а по едно лице се трага
Vero

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го расчисти кривичното дело ,,Убиство” од 11.07.2025 година, кога во с.Батинци, скопско, со пиштол беше убиен А.М. од с.Батинци.

Денеска (17.07.2025) до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка против Џ.М.(25) за сторено кривично дело ,,Убиство” по член 123 од КЗ и Б.П.(35) за сторено кривично дело ,,Убиство” по член 123 во врска со член 22 од КЗ. Б.П. е лишен од слобода и од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор од 30 дена, додека Џ.М. се уште е недостапен за органите на прогон.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран