УТРО.мк

Ѓорѓиевски: По 50 години, „Ѓорѓи Димитров“ доби нов, модерен изглед

Ѓорѓиевски: По 50 години, „Ѓорѓи Димитров“ доби нов, модерен изглед
Vero

По половина век, улицата „Ѓорѓи Димитров“ во општина Кисела Вода доби целосно нов лик. Соопштувајќи ја веста, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека станува збор за една од најважните сообраќајници во општината, која е комплетно реконструирана на должина од 1,2 километри.

Проектот вклучува поставување на нов, квалитетен асфалт, проширување на коловозот за дополнителни 12 метри, изградба на нови и безбедни тротоари, нови паркинг места, како и зелен појас што ќе го збогати амбиентот и ќе ја зголеми урбаната естетика на просторот.

„Кога се работи посветено, кога се вложува со срце и одговорност, резултатите се видливи“, порача Ѓорѓиевски, најавувајќи продолжување на ваквите инфраструктурни зафати низ целата општина.

Оваа инвестиција претставува дел од пошироката стратегија за модернизација на сообраќајната мрежа и подобрување на условите за живот на жителите на Кисела Вода.

ВИДЕО

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран