УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Општините добиваат пречистувачи на воздух за поздрава животна средина

Ѓорѓиевски: Општините добиваат пречистувачи на воздух за поздрава животна средина
Vero

Во Владата на Република Македонија денеска беа потпишани договори со кои на општините им се доделуваат пречистувачи на воздух, со цел подобрување на квалитетот на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните.

Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, кој беше еден од иницијаторите на проектот, истакна дека во неговиот мандат во општината сите училници во основните училишта и градинките беа опремени со пречистувачи, а Кисела Вода беше првата општина во земјата што постави и надворешни пречистувачи.

„Со оваа нова донација конечно ги покриваме сите објекти под општинска јурисдикција, што е чекор напред кон поздрава и побезбедна животна средина за сите,“ нагласи Ѓорѓиевски.

Тој изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и генералниот секретар Игор Јанушев за нивната поддршка и заложба во обезбедувањето на чист воздух, потенцирајќи дека чистиот воздух не е луксуз, туку основно право на секој граѓанин.

Проектот е дел од системски и одговорни мерки насочени кон решавање на еколошките предизвици и унапредување на квалитетот на животот во земјата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран