УТРО.мк

Владата ќе назначи повереници во општините со неуспешни избори, потврди Мицкоски

Владата ќе назначи повереници во општините со неуспешни избори, потврди Мицкоски
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ќе постапи согласно законските процедури и ќе назначи повереници во општините каде локалните избори не успеаја поради недоволна излезност. Се работи за општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше.

„Апсолутно дека тоа ќе го направиме согласно закон, а за тоа треба најпрво да добиеме известување од Државната изборна комисија дека изборите се завршени и дека во тие општини не е постигнат цензус“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

Според Изборниот законик, ако и по вториот круг не биде избран градоначалник, ДИК во рок од 15 дена ја известува Владата. Потоа, Владата во истиот рок именува повереник кој привремено ги извршува надлежностите на градоначалникот.

По именувањето, Владата го известува претседателот на Собранието, кој е надлежен да распише повторени избори за градоначалник во засегнатите општини.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран