Денеска (20.07.2025) во утринските часови, полициски службеници од Хеликоптерската единица при МВР и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ успешно спасиле повредено лице на планината Баба кај Битола.
По добиен повик за итна помош од непристапен планински предел, хеликоптерот Агустa Бел 212 веднаш полета со тројца припадници од воздухопловната единица и тим од четири припадници од „Тигар“. Во брза и ризична акција, повреденото лице беше извлечено од местото Видиковец и предадено на екипа на Итна медицинска помош од Битола.
Оваа успешна спасувачка операција уште еднаш ја потврди посветеноста, хуманоста и големата пожртвуваност на полициските службеници кои постојано се на услуга за заштита и помош на граѓаните.