УТРО.мк

Тоневски: Пробиштип ќе биде град што се грижи за своите пензионери

Тоневски: Пробиштип ќе биде град што се грижи за своите пензионери
Vero

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, заедно со пратеничката Драгана Арсова, денес оствари средба со пензионерите во Пробиштип.

Тоневски изрази благодарност за можноста да се сретне со, како што рече, генерацијата што ја градела основата на градот со својот труд, знаење и љубов.

„Секогаш е чест и радост да се биде меѓу луѓето кои ја создадоа нашата сегашност. Разговаравме искрено – за минатото и нивниот придонес, за сегашноста и предизвиците, но и за иднината што сакаме да ја градиме заедно,“ изјави Тоневски.

Тој пред пензионерите ги претстави плановите и проектите за наредните четири години, нагласувајќи дека вистинската иднина не може да се гради без почит и грижа за оние што ја поставиле нејзината основа.

„Ви благодариме за топлиот прием, за поддршката и за мудроста што ја споделувате со нас. Ветуваме дека вашите потреби ќе бидат слушнати, а вашето достоинство секогаш ќе биде заштитено,“ порача Тоневски, додавајќи дека Пробиштип ќе биде град што се грижи за сите генерации.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран