УТРО.мк

Тоневски: Меморијалниот турнир за Љубиша Дуковски – Бомба е доказ за неговото големо спортско наследство

Тоневски: Меморијалниот турнир за Љубиша Дуковски – Бомба е доказ за неговото големо спортско наследство
Vero

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, присуствуваше на меморијалниот турнир во риболов на браната Пишица, организиран во чест на Љубиша Дуковски – Бомба, кој важи за еден од најголемите спортски риболовци во историјата на Пробиштип.

Тоневски упати благодарност до организаторот СРД „Злетовица“ и до семејството на Дуковски за поканата и можноста да биде дел од настанот.

„Голема благодарност до организаторите и до членовите на семејството на Љубиша Дуковски – Бомба за поканата и можноста да бидам дел од овој прекрасен настан“, истакна Тоневски.

Тој им честиташе на сите учесници кои придонеле за успешна реализација на турнирот, како и на најуспешните риболовци кои освоија награди.

Меморијалниот турнир се одржа во спортски и пријателски дух, со цел да се зачува споменот на Љубиша Дуковски – Бомба и неговиот придонес во спортскиот риболов во Пробиштип.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран