УТРО.мк

Советот на Прилеп ги усвои измените на Буџетот за 2025 година

Советот на Прилеп ги усвои измените на Буџетот за 2025 година
Vero

Советот на Општина Прилеп на денешната трета седница ги усвои измените и дополнувањата на Буџетот за 2025 година, како и предлог-планот на развојните програми за периодот 2026–2028 година. На дневен ред беше и кварталниот извештај за извршување на буџетот за периодот од 1 јули до 30 септември 2025 година, по што се разви подолга дискусија во која активно учествуваше и градоначалникот Дејан Проданоски.

Со мнозинство гласови, советниците дадоа согласност на тримесечните извештаи за финансиското работење на јавните претпријатија и институции, меѓу кои: ЈП за ПУП – Прилеп, ЈКП „Водовод и канализација“, ЈКП „Комуналец“, ЈКП „Пазари“ и Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“, за периодот од 1 јули до 30 септември 2025 година.

Советниците едногласно ги прифатија и предлог-решенијата за разрешување на членови на надзорни и управни одбори во повеќе институции. Разрешени се членови од надзорниот одбор на ЈКП „Водовод и канализација“, од училишниот одбор на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, како и од управните одбори на ЈКП „Пазари“ и Јавното претпријатие за енергетски дејности „Енерго-Прилеп“.

Дополнително, беше дадена согласност на новиот ценовник на услуги што ЈКП „Водовод и канализација“ ќе ги извршува за потребите на Општина Прилеп, без примена на одредбите од Законот за јавни набавки.

Советот даде поддршка и за кофинансирање на проектот за изработка на техничка документација за постројка за складирање, третман и преработка на биоразградлив и инертен отпад, со што се отвора патот за реализација на значајна иницијатива во областа на управувањето со отпадот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран