Пожарот што денеска зафати дел од територијата на општина Желино е успешно ставен под контрола благодарение на брзата реакција и ефикасната соработка меѓу институциите.
Со поддршка од Центарот за управување со кризи беа ангажирани авиони за гаснење на пожарот, додека екипите на Територијалната противпожарна единица неуморно дејствуваа на терен сè до доцните вечерни часови.
„Ситуацијата е менаџирана и под контрола. Изразувам голема благодарност до пожарникарите за нивниот професионализам и храброст“, изјави градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу.
Од општината порачуваат дека остануваат подготвени и обединети во справување со сите предизвици, со јасна порака: „Желино обединето пред секоја закана – секогаш во служба на граѓаните“.