Струга, 19 јули 2025 – Тројца пожарникари завршија во болница со респираторни проблеми по интервенција на голем пожар што избувна на земјоделско земјиште во атарот на струшкото село Ложани.
Пожарот бил пријавен во 13:13 часот во ОВР Струга, а зафатил површина од околу 20.000 квадратни метри, насадена со пченица, јачмен и други земјоделски култури, сопственост на повеќе жители од селото.
На терен интервенирале екипи од Територијалната противпожарна единица Струга, кои успеале да го локализираат и изгаснат пожарот. За жал, тројца пожарникари при гаснењето се здобиле со здравствени компликации поради вдишување чад и се пренесени во Општата болница во Струга, каде се задржани на лекување.
Надлежните институции работат на утврдување на причините за пожарот и евентуалната одговорност.