Независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, поддржан од ВЛЕН, Менди Ќира најави дека по преземањето на функцијата ќе го продаде познатото службено возило „Ауди“, кое досега го користеше актуелниот градоначалник Рамиз Мерко.
Ќира изјави дека, наместо службено возило, ќе го користи сопствениот автомобил, со цел рационално трошење на јавните средства.
„Фамозното Ауди ќе се продаде, а јас ќе го користам мојот автомобил. Како градоначалник нема да се штеди во работата, но ќе се штеди таму каде што треба. Со овие чекори, само во првите четири години можеме да заштедиме околу еден милион евра кои ќе ги насочиме за други, поважни проекти“, порача Ќира.
Извор: (4news)























