УТРО.мк

Коњановски изврши увид на реконструкцијата на улиците „16-та“ и „Даме Груев“ во Битола

Коњановски изврши увид на реконструкцијата на улиците „16-та“ и „Даме Груев“ во Битола
Vero

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со советникот Бојан Бојкоски и претставници од Одделението за комунални дејности, извршија увид на активностите за реконструкција на улицата „16-та“ – профил 1 од првата фаза, со вкупна вредност од 1.397.934 денари. Проектот е прилагоден според теренските услови за непречена реализација.

При посетата беше направен и увид на улицата „Даме Груев“, каде наскоро ќе започнат работите за реконструкција на коловозот, поделени на три краци со вкупна должина од 408 метри. Реконструкцијата ќе ги зачува карактеристиките на улицата и пристапите до објектите, а ќе вклучува и изградба на нова водоводна мрежа и реконструкција на мешовитата канализација, која моментално е во лоша состојба.

Со овие проекти, локалната самоуправа продолжува да ги унапредува инфраструктурните услови во градот, обезбедувајќи поголема безбедност и подобар квалитет на живот за жителите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран