Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, официјално го отвори третиот Чкембарски турнир, кој се одржува во дворот на основното училиште „Тодор Ангелевски“. Настанот беше проследен со голем број љубители на спортот и верни навивачи, кои уште еднаш го потврдија статусот на Битола како вистински спортски град.

„Чест ми беше како градоначалник да го отворам Чкембарскиот турнир. Овој турнир е повеќе од спортски натпревар – тој е симбол на заедништво, навивачка страст и спортски дух,“ изјави Коњановски.

Тој им посака успех на сите екипи, повикувајќи на фер-плеј и спортско другарство. Настанот веќе прераснува во традиција, а интересот од младите и локалната заедница сведочи за неговото значење во спортскиот и културниот живот на Битола.

„Напред Чкембари, напред Битола!“, порача Коњановски, охрабрувајќи ја понатамошната поддршка за спортот и младите во општината.