УТРО.мк

Јорданов со апел до граѓаните по вандализмот во центарот на Штип

Јорданов со апел до граѓаните по вандализмот во центарот на Штип
Vero

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, остро реагираше по серијата инциденти во централното градско подрачје, каде беа исечени новогодишни сијалици, уништени садници и оштетена урбана опрема. Тој оцени дека овие дејствија претставуваат сериозен удар врз заедничкото добро и вложувањата на општината.

„Сведоци сме на слики кои никој од нас не сака да ги види. Ваквите постапки не се само вандализам, туку ја нарушуваат сликата на градот и го поткопуваат трудот на сите кои работат за поуредено урбано окружување,“ истакна Јорданов.

Тој упати апел до СВР Штип да преземе мерки и санкции кон сторителите, потенцирајќи дека ваквото однесување ја загрозува безбедноста и ја понижува заедницата.

Јорданов ги повика и граѓаните на повисока свест и одговорност: „Нашиот град може да биде онаков каков што го посакуваме само ако секој од нас покаже грижа. Само заеднички можеме да го сочуваме јавниот простор и да создадеме средина во која сите се чувствуваме горди да живееме.“

„Нашиот град е наш дом и наша должност е да го чуваме,“ заклучи градоначалникот, охрабрувајќи ги жителите да реагираат доколку забележат уништување и да придонесат за заштита на градот.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран