УТРО.мк

Голем прекин на струја утре во Тетово и околните села!

Голем прекин на струја утре во Тетово и околните села!
Vero

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека утре, 9 октомври 2025 година, ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во неколку тетовски населени места поради технички зафати во мрежата.

Без струја во периодот од 9:00 до 14:00 часот ќе бидат делови од градот Тетово, објектите кои се наоѓаат на улицата Мирче Ацев.

Во исто време, прекини ќе има и во селата Стенче и Теново (од 9:00 до 14:30 часот), како и во селата Теарце и Слатино (од 9:00 до 14:00 часот).

Краткотрајни прекини се најавени и во Боговиње, Урвич и Камењане – од 9:30 до 10:30 часот.

Од „ЕВН“ апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите обврски и да внимаваат на електричните уреди за време на прекинот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран