УТРО.мк

Бојкоски: Битола е заложник на политичка неодговорност, граѓаните ја плаќаат цената

Бојкоски: Битола е заложник на политичка неодговорност, граѓаните ја плаќаат цената
Vero

Бојан Бојкоски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Битола, остро реагираше на, како што вели, политичката блокада на капитални инфраструктурни проекти од страна на советниците на СДСМ, Левица и Поинаку.

Во јавна изјава, Бојкоски посочи дека додека низа општини низ земјата – меѓу кои Гази Баба, Босилово, Чаир, Желино, Врапчиште и Валандово – веќе ги користат средствата од Европската инвестициска банка за модернизација на водоводната мрежа и подобрување на условите за живот, Битола останува „заложник на политички калкулации“.

„Советничките групи со месеци одбиваат да дадат согласност за користење на овие средства. Ова не е удар по градоначалникот, ова е директен удар врз Битола и битолчани“, изјави Бојкоски.

Тој апелира дека граѓаните секојдневно ја чувствуваат штетата од нефункционалноста на Советот, додека, според него, одредени советници „си играат политика“ на штета на јавниот интерес.

„Битола гледа и памети. Време е за одговорност. Време е одлуките во Советот да се носат во интерес на граѓаните. Битола заслужува повеќе. Битолчани заслужуваат подобро“, порача Бојкоски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран