УТРО.мк

Беличко срце чука силно: Започнаа јубилејните 15-ти Белички Средби 2025

Беличко срце чука силно: Започнаа јубилејните 15-ти Белички Средби 2025
Vero

Синоќа, во срцето на малото, но гордо село Белица, официјално започнаа јубилејните 15-ти Белички Средби, манифестација што веќе децении ги зближува мештаните и иселениците во духот на македонската традиција, љубов и заедништво.

Во најтоплиот месец од годината, кога Белица живее со полни гради, а улиците се исполнети со насмевки, прегратки и воздишки од радост, започна уште едно издание на средбите што се чекаат цела година. Настанот беше отворен во прекрасна атмосфера исполнета со македонска песна, звуци на ора, поетски читања, и неодоливи вкусови од домашната скара и „Медена Долина“.

Штандовите со занаетчиски ракотворби, детски играчки, освежителни пијалоци и локални производи го збогатија амбиентот, а сцената ја обоија и емотивни моменти на спонтани средби – роднини, соседи, другари кои не се виделе со години, повторно обединети под беличкото небо.

Беличките Средби 2025 продолжуваат и денес, со уште повеќе културна програма, музика и топлина што само едно македонско село може да ја понуди.

Секое срце што чука за татковината, во Белица чука погласно.

ВИДЕО

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран