Припадници на Армијата на Република Северна Македонија од 3. пешадиски баталјон од Тетово се вклучија во гаснење на шумските пожари во велешкиот регион, во близина на селата Џидимирци и Крушје.
Армијата активно учествува во поддршка на надлежните институции во справување со огнената стихија и заштита на населението и природата.