УТРО.мк

Активни пожари беснеат низ земјата – критично на повеќе локации

Активни пожари беснеат низ земјата – критично на повеќе локации
Vero

Ужасна ситуација на теренот – дури 29 пожари на отворено регистрирани до утрово во 08:00 часот, алармира Центарот за управување со кризи (ЦУК)! Пет пожари сè уште се активни, два се под контрола, а 22 со мака се изгаснати.

Најопасно е кај село Желино, на пат кон Еребино – планината Жеден е во пламен! Таму гори нискостеблеста шума, грмушки и вегетација, а пожарот се шири со неверојатна брзина.

Но, тоа не е сè! Пожари беснеат и:

кај село Нивичино (општина Василево), кај Грешница (Македонски Брод), помеѓу Црешнево, Локвица и Крапа – каде што пожарот е повторно реактивиран, како и кај Царевиќ и Смолани (општина Прилеп), каде што гори мешана шума и ниска вегетација.

Со огромен ангажман, под контрола се ставени пожарите кај село Слатина (Македонски Брод), како и кај Џидимирци, Крушје и Иванковци (општина Велес).

Добра вест е што 22 пожари се изгаснати, вклучително и во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Штип, Кочани, Свети Николе и Дојран, но опасноста не поминува!

ЦУК упатува хитен апел до сите граѓани: Бидете внимателни! Не предизвикувајте нови пожари! Температурите се пеколни, а секоја искра може да биде катастрофа!

🔥 Следете не за повеќе информации во живо од теренот!

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран