УТРО.мк

Забраната за движење во шуми продолжена до крајот на август – казни до 2.000 евра

Забраната за движење во шуми продолжена до крајот на август – казни до 2.000 евра
Vero

Владата ја продолжи забраната за движење во шуми и шумско земјиште до 31 август 2025 година, како дел од мерките за справување со зголемениот ризик од шумски пожари. Истовремено, беше донесена и одлука за продолжување на кризната состојба за дополнителни 30 дена.

Со ова продолжување, институциите и сите расположливи ресурси – човечки, технички и логистички – остануваат целосно мобилизирани, со цел навремена интервенција во засегнатите подрачја и заштита на населението од огнените стихии.

„Апелираме до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење, која е на сила од 1 јули и ќе трае до 31 август. Во спротивно, прекршителите ќе се соочат со парични казни од 1.500 до 2.000 евра“, информираа од Владата.

Надлежните нагласуваат дека забраната има за цел превенција и заштита од нови пожари во период кога температурите се екстремно високи, а ризикот од нивно појава е максимален. Институциите повикуваат на општествена одговорност и соработка од страна на сите граѓани.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран