До 14 часот денеска, на територијата на Република Македонија се евидентирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои:
6 се активни
3 се ставени под контрола
3 се изгаснати
Активни пожари:
Општина Василево – село Нивичино (нискостеблеста шума)
Општина Македонски Брод – село Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Велес – во реонот на селата Џидимирци, Крушје и Иванковци (деградирана нискостеблеста шума); поради силен ветер, пожарот повторно е активиран и се шири во повеќе насоки
Општина Сарај – до Обиколницата (сува трева)
Општина Желино – пожарот се шири кон тетовското село Еребино (сува вегетација и грмушки)
Пожари под контрола:
Општина Дојран – село Николич (нискостеблеста шума)
Општина Демир Хисар – градска депонија
Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
Изгаснати пожари:
Општина Охрид – село Лескоец (запалена плевна)
Општина Штип – село Аргулица (деградирана ниска вегетација)
Општина Липково – село Виштица (деградирана шума)
Надлежните служби се на терен и апелираат до граѓаните да бидат максимално внимателни и да не палат оган на отворен простор.