Попладнево избувна обемен пожар во атарот на општина Желино, кој поради сувата вегетација и силниот ветер брзо се прошири на поголема површина, објави ТВ21.
На терен се ангажирани повеќе противпожарни единици кои се борат со огнената стихија.
Според надлежните, пожарот во Желино не е единствениот – во моментов активни се уште најмалку шест пожари на различни локации низ државата.
Извор: ТВ21