УТРО.мк

Важни информации за возачите во Македонија: Еве колку се чека за влез и излез од Македонија, но и каде се најголемите гужви

Важни информации за возачите во Македонија: Еве колку се чека за влез и излез од Македонија, но и каде се најголемите гужви
Vero

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА – 19 ЈУЛИ 2025

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај надвор од урбаните средини е зголемен, особено на граничните премини, каде што се бележат следниве задржувања:

ГП Табановце: околу 35 минути чекање

ГП Дојран: 15 до 25 минути

ГП Богородица: 15 минути при влез, 45 минути при излез од државата

На останатите премини – нема подолги задржувања

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни на делниците со можност за одрони: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Летен режим на сообраќај (1 јули – 31 август)
Се воведува ограничување на движење за тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони во следниве термини:

Петок: од 17:00 до 22:00 часот

Сабота: од 09:00 до 18:00 часот

Недела: од 09:00 до 22:00 часот

Во денови со екстремно високи температури (определени од Министерството за здравство), забраната важи и од понеделник до четврток, од 11:00 до 17:00 часот.

Од ограничувањето се изземени возила кои превезуваат: животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни производи, леснорасиплива стока, горива, опасни материјали и стоки поврзани со договори на ЈП за државни патишта.

Специфично ограничување за А2 (Скопје – Охрид – Скопје) до 1 септември
За оваа делница, забраната за товарни возила над 7,5 тони важи во следните термини:

Петок: од 15:00 до 22:00 часот

Сабота: од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот

Недела: од 07:00 до 22:00 часот

Возачите се советуваат навреме да го планираат патувањето и да ги следат препораките за безбедно учество во сообраќајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран