УТРО.мк

Скопје–Блаце станува реалност: ВЛЕН ја започнува завршната фаза на проектот

Скопје–Блаце станува реалност: ВЛЕН ја започнува завршната фаза на проектот
Vero

По децении чекање, проектот за изградба на патниот правец Скопје–Блаце, клучна врска кон границата со Косово, конечно влегува во завршна фаза. Јавното претпријатие „Државни патишта“ веќе ги започна постапките за јавна набавка за подготовка на финалниот проект за изградба на трасата.

Веста ја потврдува коалицијата ВЛЕН, од каде што порачуваат дека овој чекор е јасен сигнал за завршување на долгогодишните манипулации и блокади од страна на претходните влади. Наместо празни ветувања, велат од ВЛЕН, сега следуваат конкретни дела и резултати.

„Само една година по влегувањето во Владата, ВЛЕН носи решенија, а не алиби. Ова е само почеток на нова ера за албанската инфраструктура – ера на отчетност и вистинска работа“, велат од коалицијата.

Проектот Скопје–Блаце со години се користеше како политичка алатка, често споменуван во изборни кампањи без реална реализација. Сега, според ВЛЕН, се работи на терен, а не пред камери.

„Овој пат не е само инфраструктурна врска, туку симбол на нов почеток за Албанците – пат кон економски развој, европска интеграција и заемно почитување“, истакнуваат од коалицијата.

Со овој проект, ВЛЕН испраќа порака дека крајот на застојот е почеток на нова динамика во патната инфраструктура, а Скопје–Блаце е поблиску до реализација од кога било досега.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран