УТРО.мк

Обвинетиот Камбери фатен со 13 телефони во притвор – судијката најави строги санкции

Обвинетиот Камбери фатен со 13 телефони во притвор – судијката најави строги санкции
Vero

Со 15-минутно доцнење и напната атмосфера започна денешното рочиште за случајот поврзан со трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“. Пред да започне главната расправа, судијката Дијана Груевска Илиевска го соочи обвинетиот Џеваир Камбери со сериозен прекршок направен за време на неговиот престој во притвор.

Како што информираше судот, при претрес во неговата ќелија во истражниот затвор „Скопје“ биле пронајдени дури 13 мобилни телефони и еден лаптоп – што претставува тешко прекршување на затворските правила и безбедносните протоколи.

На прашање како овие уреди се нашле во неговиот простор, Камбери даде несекојдневно оправдување: „Ги најдов таму кога влегов.“ Судијката остро го одби ваквото објаснување: „13 телефони сте ги нашле? Ве молам… Знаете што следува – самица и дополнителни мерки.“

Кој е Џеваир Камбери?

Камбери, поранешен советник во Министерството за економија, е еден од клучните обвинети во случајот за издавање спорни лиценци за клубот „Пулс“. Според обвинението, тој примал поткуп и фалсификувал службени документи, а наводно земал 226.000 денари за незаконско издавање лиценца за кабаре, спротивно на законската процедура.

Рочиштето продолжува, а по денешниот инцидент се очекува судот да преземе построги мерки за дисциплина во притвор и за заштита на интегритетот на судскиот процес.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран