УТРО.мк

Новиот топлотен бран пристигнува: Над 40 степени следната недела, важат здравствени препораки

Новиот топлотен бран пристигнува: Над 40 степени следната недела, важат здравствени препораки
Vero

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре во Македонија започнува период на сончево и екстремно топло време, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозите, температурите ќе растат значително во текот на следната работна недела, кога насекаде ќе надминат 30 °C, на многу места 35 °C, а локално ќе достигнат и над 40 °C.

Овој нов топлотен бран ќе трае најмалку до крајот на следната недела, предупредуваат метеоролозите, а Министерството за здравство веќе издаде препораки за заштита од високите температури, особено за периодот од 20 до 24 јули, кога се очекуваат најекстремните температурни вредности.

Граѓаните се повикуваат да останат во затворени и ладни простории, особено во периодот меѓу 11:00 и 17:00 часот. Се препорачува консумација на многу течности, избегнување на алкохол и засладени пијалоци, носење светла и лесна облека, како и избегнување на физички напор во најжешкиот дел од денот.

Министерството предупредува дека при појава на симптоми како вртоглавица, главоболка, забрзано чукање на срцето или општа слабост, треба веднаш да се побара лекарска помош.

Најпогодени ќе бидат градовите во внатрешноста и Пелагонија, каде според прогнозите, температурата може да надмине 41 степен Целзиусов.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран