УТРО.мк

Нови детали за заплената на околу 500.000 евра на Табановце

Нови детали за заплената на околу 500.000 евра на Табановце
Vero
Извор: Царинска Управа
Извор: Царинска Управа

Во интервју за емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма, Бобан Николовски откри детали за големата заплена на готовина на граничниот премин Табановце, каде што во минибус беа пронајдени околу половина милион евра.

Според неговите зборови, возилото со седум албански државјани пристигнало од Германија и било на пат кон Албанија, а сомнежите кај службите се појавиле уште при првичната контрола. По првичната селекција, случајот бил дополнително проверен со вклучување на К-9 единицата, при што службеното куче веднаш реагирало и укажало на можност за скриена нелегална содржина.

Потоа бил користен и скенер, кој покажал необични зголемени густини во конструкцијата на возилото. Тоа дополнително ги зајакнало сомнежите, по што царинските службеници пристапиле кон подетална физичка проверка.

При отворањето на посомнителниот дел од минибусот, според описот на Николовски, се открил скриен механизам во кој биле сместени внимателно спакувани снопови банкноти, поставени така што се извлекувале постепено при расклопување на конструкцијата.

Тој нагласи дека се работи за една од најголемите заплени на готовина во историјата на Царинската управа, додека истрагата треба да утврди каде точно била крајната дестинација и намената на парите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран