УТРО.мк

На територија на Република Македонија за едно деноноќие 35 пожари – четири сè уште активни, надлежните служби на терен

На територија на Република Македонија за едно деноноќие 35 пожари – четири сè уште активни, надлежните служби на терен
Vero

Во изминатото деноноќие во земјата се евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор, од кои четири се сѐ уште активни, четири се ставени под контрола, а 27 се целосно изгаснати.

Активни пожари се регистрирани во селата Нивичино (Василево), Грешница (Македонски Брод), на подрачјето меѓу Царевиќ и Смолани (Прилеп), како и во Виштица (Липково). Станува збор за пожари во нискостеблеста и мешана шума, како и деградирана вегетација.

Пожарите под контрола се лоцирани во Велешко, Дојран, Демир Хисар и Македонски Брод. Останатите пожари, најголем дел од нив на подрачја со ниска вегетација, стрништа и депонии, се изгаснати.

Надлежните служби остануваат на терен и продолжуваат со активностите за целосно справување со пожарите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран