УТРО.мк

На територија на Република Македонија регистрирани четири активни пожари – еве каде гори во моментов

На територија на Република Македонија регистрирани четири активни пожари – еве каде гори во моментов
Vero

Центарот за управување со кризи информира:

До 13:30 часот на 17 јули 2025 година, регистрирани се вкупно 4 активни пожари на отворен простор:

Општина Велес – во близина на селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, со два огништа: едно кон с. Иванковци и друго кон с. Крушје (мешана шума);

Општина Македонски Брод – на подрачјето помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);

Општина Василево – село Нивичино (нискостеблеста шума);

Општина Дојран – село Николич (нискостеблеста шума).

Пожарите се активни и се преземаат мерки за нивно гаснење.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран