УТРО.мк

Мицкоски: Следната година очекуваме почеток на активностите за новиот Клинички центар во Скопје

Мицкоски: Следната година очекуваме почеток на активностите за новиот Клинички центар во Скопје
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека доколку сите процедури се одвиваат според планот, во текот на следната година би можеле да започнат активностите за изградба на новиот Клинички центар во Скопје.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека Владата во моментов е фокусирана на реализација на неколку значајни здравствени проекти, меѓу кои завршувањето на процедурите за Клиничката болница во Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, Здравствениот дом со проширена дејност во Кичево, како и Клиничката болница во Тетово.

„Во меѓувреме размислуваме за големиот Клинички центар во Скопје кој треба да се изгради. Ја разгледуваме локацијата пред базенот „Борис Трајковски“, бидејќи таа локација е на два булевари, има пристап до гас и е блиску до обиколницата. Тоа значи дека може и од соседните држави да привлекуваме пациенти кои ќе ги користат услугите“, изјави Мицкоски.

Тој информираше дека земјиштето е во приватна сопственост и дека се водат преговори со сопственикот за изнаоѓање решение преку замена на парцелата, по што државата би ја презела и со посебен закон би се променила нејзината намена.

Според премиерот, планот предвидува и изградба на топол подземен премин под булеварот Илинденска, со што новиот Клинички центар би се поврзал со ГОБ „8 Септември“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin