УТРО.мк

Македонија повторно отвора средно полициско училиште

Македонија повторно отвора средно полициско училиште
Vero

Владата донесе одлука за формирање на Средно училиште при Министерството за внатрешни работи, со што по повеќе од 30 години Македонија повторно ќе добие средно полициско образование. Новата образовна институција треба да започне со работа од учебната 2026/2027 година.

Според најавите, училиштето ќе обезбедува образование и практична обука за идните полициски службеници, а наставните програми ќе бидат усогласени со современите стандарди и потребите на безбедносниот систем.

Од Владата посочуваат дека целта на оваа иницијатива е создавање стручен и подготвен кадар уште од средношколска возраст, како и надминување на недостигот од полициски службеници што се очекува во наредните години.

Со повторното воведување на средното полициско образование, институциите очекуваат да се зајакнат капацитетите на безбедносниот сектор и да се обезбеди континуитет во подготовката на идните генерации полициски кадар.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin