УТРО.мк

Комисијата за здравство го „пушти“ законот против пушење

Комисијата за здравство го „пушти“ законот против пушење
Vero

Собраниската Комисија за здравство денеска го усвои предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, во прво читање, и го проследи во понатамошна собраниска процедура.

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, образложи дека новото законско решение произлегува од потребата за обезбедување посеопфатна и поефикасна заштита на јавното здравје, со посебен акцент на децата и младите, како и од обврската за усогласување со европското законодавство.

– Пушењето е водечка причина за смртност и хронични болести во Република Македонија. Според податоците на Светската здравствена организација, над 45 проценти од возрасната популација во земјата пуши, што ја става Македонија меѓу земјите со највисока стапка на пушење во Европа. Пушењето е поврзано со повеќе од една третина од сите случаи на карцином на белите дробови и со значителен дел од кардиоваскуларните заболувања – истакна Андовски.

Тој посочи дека употребата на тутунски и никотински производи кај младите на возраст од 13 до 15 години достигнала 13,6 проценти во 2024 година, што претставува највисоко регистрирано ниво досега. Употребата на електронски цигари кај оваа возрасна група изнесува девет проценти.

Дополнително загрижувачки е податокот дека 73 проценти од младите кои се обиделе да купат цигари не биле одбиени при купувањето.

Андовски се осврна и на штетните последици од изложеноста на туѓ чад, нагласувајќи дека предложените законски измени имаат цел да ја унапредат заштитата на здравјето на граѓаните и да придонесат за намалување на употребата на тутунски и сродни производи, особено кај младата популација.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin